Советниците продолжуваат со обуки – Зајакнување на општинските совети
Дел од советниците од Советот на општина Крушево и овој викенд учествуваат на обуките во рамки на проектот „Зајакнување на општинските совети“ кои се одржуваат во хотел Изгрев.

Оваа обука е посветена на неколку теми:
- Примена на иновативни пристапи во работата на општинските совети,
- Менаџмент на човечки ресурси во општините,
- Меѓуопштинска соработка

Овие обуки имаат за цел да ги подигнат капацитетите на советот, да ја зголемат транспарентноста и да ја зголемат улогата на советот во општинската работа.
