Средба на градоначалникот Христоски со Заменик амбасадорот на Швајцарија
Градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски одржа средба со Заменик амбасадорот на Швајцарија Н.Е. Лусиен Агертер, директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот Љупчо Јаневски како и други туристички работници.
На средбата се разговараше за развојот на туризмот во Крушево и што општината може да понуди на потенцијалните туристи.
„Општина Крушево забележува плодна соработка со Амбасадата на Швајцарија во поглед на туризмот. Таа поддршка која ја добиваме е придружена и од Агенцијата за туризам и евидентно е дека реализиравме многу. Но, Крушево има уште многу неискористен потенцијал и затоа продолжуваме да вложуваме во овој сектор.“, изјави градоначалникот Христоски.
Утре со почеток во 10 часот во ресторан Алто на ски терените Станич ќе се одржи работилница на тема вело туризам.