Партерното уредување на салата во напредна фаза
Уредувањето на партерот на спортската сала е во напредна фаза. Сега, салата е со патека која води до карпата за искачување, а просторот се оспособува за користење и во вечерно време.
Партерното уредување чини 2 004 336 денари, а целиот проект е 500 000 евра.
Партерното уредување на спортската сала е дел од Проектот за локална и регионална конкурентност финансиран од ЕУ, администриран од Светска банка и имплементиран од Канцеларијата на Проектот, Канцеларијата на Вицепремиерот за економски прашања и општина Крушево. Целиот проект изнесува 500 000 евра и истиот вклучува реконструкција на спортска сала, опремување и поставување на карпа за искачување, набавка на минибус за превоз на параглајдеристи, поставување на сувенирници, изработка на промотивен материјал, посета на саеми за туризам и друго.