Започна реконструкцијата на патот стопанство – Алданци – Норово
Започна реконструкцијата на патот стопанство – Алданци – Норово. Овој пат е едно од најголемите барања на жителите од погоренаведените населени места, а се реализира од страна на Министерство за транспорт и врски преку Јавно претпријатие за државни патишта заедно со општина Крушево.
Овој пат е исто така значаен затоа што ќе опфати и реконструкција на патот Житоше кон Лажани, општина Долнени, што значи поврзување на неколку општини. Реконструкцијата започнува од регионалниот пат Кривогаштани Крушево и првиот дел завршува пред Житоше. Додека вториот дел ги опфаќа дел од населените места во општина Долнени.
„Голема благодарност до министерот Горан Сугарески и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Зоран Китанов кои го ставија овој проект во годишната програма за работа и веќе се реализира на терен. Овој пат е едно од најголемите барања на граѓаните од овие населени места и со министерството и ЈПДП работевме активно за истиот час поскоро да се имплементира. Драго ми е што истиот ќе ја опфати и општина Долнени и со тоа Министерството за транспорт и врски прави едно ново поврзување меѓу општина Крушево и општина Долнени и регионалниот пат кон Кривогаштани.“, изјави градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски.