Реобјавување на оглас за издавање на 5 киосци
Општина Крушево го реобјавува јавниот глас за издавање на 5 киосци кои се наоѓаат на „Гумење“ во непосредна близина на спомен куќата „Тодор Проески“.
Деталите околу јавниот повик во документот заедно со образецот за понуди можете да ги погледнете подолу.
Киосците беа поставени во рамки на Проектот за локална и регионална конкурентност и пот-проектот „Кругот на адреналинот – развој на авантуристички туризам во Крушево“ финансиран од ЕУ, администриран од Светска Банка и имплементиран од Канцеларијата на проектот, Канцеларијата на Вицепремиерот за економски прашања во Владата на Република Северна Македонија и општина Крушево.