Општина Крушево ќе изработи проект за гасификација
Заедно со Програмата за развој на Обединетите Нации (УНДП) општина Крушево ќе работи на изработка на проект за гасификација на Крушево. УНДП го објави повикот за доставување на понуди за изработка на проект, а овој проект доаѓа по анкетата која општина Крушево ја спроведе меѓу граѓаните на општината.
„УНДП го објави тендерот и за скоро очекуваме почеток на изработка на проектот за гасификација. Со овој проект покажуваме дека работиме на современи, одржливи и решенија кои ќе ја заштитат животната средина. Потребата од гасификација над 95 отсто од анкетираните граѓаните ја сметаат за неопходна и тоа е дополнителна потврда дека сме на прав пат со овој проект.“, изјави градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски.
Огласот за јавна набавка можете да го погледнете на следнит линк.