Христоски: Заштедуваме пола милион денари, а обезбедуваме подобро улично осветлување
Инвестицијата во ЛЕД осветлување на Крушево дава резултати и трошоците за оваа намена се намалени за над пола милион денари.
Ако во 2017 година за оваа намена се плаќало над милион и 400 илјади денари сега тие трошоци по инсталацијата на ЛЕД сијалици се намалени за околу 550 илјади денари.
„Во 2017-та се плаќало многу повеќе а граѓаните не добивале соодветна услуга. Денес граѓаните има каде да пријават проблем, веднаш добиваат одговор на нивното барање и осветлувањето е и поефтино и поефикасно со оглед на тоа дека се користат ЛЕД сијалици. Истовремено штедиме и даваме подобра услуга за граѓаните од цела општина.“, изјави градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски.
Исто така, во споредба со 2017 година трошоците за струја се намалени за 200 проценти со тоа што општината ги подмирува трошоците за струја на ОУ „Никола Карев“ и сите подрачни училишта.