Од утре започнува со работа пазарот
Почитувани,
Од утре, четврток, 30.04.2020, градскиот пазар во Крушево започнува со работа и истиот ќе биде отворен за сите пазарџии и граѓани на општина Крушево.
Иако, пазарот се отвора општина Крушево апелира да се почитуваат мерките за држење на растојание, носење лична заштитна опрема и да нема групирање на повеќе граѓани. Полицијата ќе врши контроли во насока на почитување на мерките.
Со почит,
Општина Крушево.