Градоначалникот дарува крв, испратени пораки за хуманост
Градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски се приклучи на Караванот на хуманоста во чии рамки се спроведе акција за дарување крв.
Караванот е во организација на Blood Bank – TENK и ОО Црвен Крст Крушево со поддршка на општина Крушево и Институтот за трансфузиона медицина, а во просториите на пензионерскиот дом во Крушево денес се одржа крводарителската акција
На крводарителската акција Христоски се сретна и разговараше со директорот на Инситутот Венко Стомнароски кои заеднички ја поддржаа акцијата и порачаа што повеќе крушевчани да бидат хумани и да даруваат крв.
„Тука сме денеска со директорот Стомнароски за да испратиме порака до граѓаните дека потребно е херојство од нивна страна, потребно е дарување на крв. Само така ќе помогнеме на сограѓаните, лекарите и државата во овие несекојдневни моменти. Општина Крушево ќе продолжи да ги поддржува овие хуманитарни акции.“, изјави градоначалник Христоски.