Шест медали за младите скијачи од Крушево
Благодарение на група ентузијасти и помошта со која им излезе во пресрет локалната самоуправа, престојниов викенд на Шарпланинскиот куп 2015г. за деца од 6 до 16 години, кој се одржа на Попова Шапка учествуваше и Крушево со своите претставници: Далибор Петрески, Анастасиј Проески, Петар Гиноски, Лука Костоски и Коки Најдоски.
Натпреварувајќи се во две дисциплини – слалом и велеслалом во конкуренција на 100-тина скијачи од Македонија и надвор од неа претставниците од Крушево освоија вкупно шест медали на Државно и Мегународно ниво.
На средбата со Градоначалникот, видно радосни од постигнатиот успех пренесоа дека одлично се забавувале и дека ќе вежбаат уште понапорно за во иднина да освојат уште повеќе медали и пехари.
Шарпланинскиот куп како ревијално издание за деца се организира од 2009 година. Целта на манифестацијата е преку организирање детски натпревар да се популаризира скијањето како дисциплина, која исто така го поддржува и зимскиот туризам.