Дезинфекција во градот и расчистување на улици од снегот
Денес, 01.04.2020, продолжува дезинфекцијата во град Крушево со што ќе бидат опфатени сите државни институции, верските објекти, ОО Црвен Крст Крушево и други, а паралелно се чистат улиците од големите наноси на снег.
Општина Крушево и ТППЕ Крушево од утрово се на терен и работат на темелна дезинфекција на површина на општина Крушево. Оваа активност доаѓа по вчершното дезинфицирање во населените места и во насока на интензивирање на мерките за спречување на ширењето на корона вирусот. Дезинфекцијата ќе продолжи и во наредните денови со цел опфаќање на повеќе објекти и поголема површина.
По големите наноси на снег се врши расчистување на улиците во градот и кон населените места Арилево, Дивјаци, Пуста Река и други за обезбедување на проодност.