Во четврток втора форумска работилница
Втората форумска работилница во рамки на проектот „Зајакнување на општинските совети“ ќе се одржи во четврток на 12-ти март во пензионерскиот дом во Крушево со почеток во 14 часот.
На првата форумска сесија граѓаните усогласија седум идеи и истите ќе се презентираат како предлог-концепти, проектни решенија, на оваа сесија. Во рамки на проектот престојат уште 3 сесии преку кои ќе се одредат најмалку 1 до најмногу 3 приоритетни проекти за истите да се финансираат со обезбедените 50 000 швајцарски франци.
Форумските работилниц се дел од Проектот „Зајакнување на општинските совети“, вреден 3,4 милиони швајцарски франци, финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка и истиот е имплементиран од УНДП во партнерство со Министерството за локална самоуправа, Министерството зa финансии, Заедницата на единиците на локалната самоуправа, Здружение на финансиски работници и UN Women.