Нова метларка, 21 контејнер и мулчер
Општина Крушево набави камион за метење и чистење – метларка, мулчер и 21 контејнер преку проектот МСИП за подобрување на општинските услуги на Министерството за финансии
со заем од Светска Банка, .
Опремата е веќе во Крушево и со оваа активност продолжува процесот на опремување и модернизација на јавното комунално претпријатие „Комуна“ Крушево, како и исполнување на еден од предусловите за туристички развој, а тоа е чиста дестинација.
„Продолжуваме со инвестиции во „Комуна“ за подобра услуга кон граѓаните, почиста средина и за граѓаните и за туристите. Досега набавивме камион за отпад, нов трактор со плуг за снег, неколку стотини корпи за отпад од Пакомак, организираме акции за чистење и подигање на свеста и со оваа последна активност навистина ја менуваме состојбата со комуналното претпријатие.“, изјави градона
Вкупниот износ на инвестицијата изнесува 4 909 222 денари.
Проектот ќе придонесе за остварување на визијата на Крушево како целогодишна дестинација за туризам со разновидна туристичка понуда. Во последните години, главниот извор на раст на туризмот во Крушево е неговото напредно позиционирање како главна дестинација за параглајдерство. Овој проект ќе создаде услови за долгорочен одржлив туризам што постигнува рамнотежа помеѓу аспектите на животната средина, економскиот и социо-културниот развој на туризмот за да се гарантираат долгорочни придобивки за нашата заедница. Преку релизацијата на овој проект се овозможува и спроведување на оперативниот план за управување со отпад, дефиниран од јавното комунално претпријатие “Комуна”, со цел да се постигне чиста и еколошка дестинација, заедно со активности за подигнување на јавната свест заедно во соработка со локалното население. Имплементацијата на проектот несомнено ќе придонесе за подобрување на квалитетот на животот и благосостојбата на жителите на општина Крушево како резултат на растот и развојот на туризмот како една од најважните економски гранки на економијата Крушево.