Во Долно Дивјаци се гради хидроцентрала
Градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски изврши увид во работите за изградба на мала хидроелектрична централа во село Долно Дивјаци. Како инвеститор се јавува компанијата Ал Хидро груп од Кавадарци Д.О.О.
Ова е втора мала хидроцентрала која се гради на територија на општина Крушево, првата е во с. Острилци градена од страна на компанијата Сателит Енерџи од Куманово.