Завршени два големи проекти од патната инфраструктура
Општина Крушево ја заврши имплементацијата на два големи проекти од патната инфраструктура од меѓуопштински карактер.
Завршена е изградбата на патот од с. Борино (општина Крушево) до с. Житоше (општина Долнени) кој ги поврзува двете општини и ќе ја олесни меѓуопштинската комуникација за жителите од овој дел.
Заврши и реконструкцијата на патот с. Бучин (општина Крушево) до с. Воѓани (општина Кривогаштани) во должина од 10 километри. Проектот е имплементиран од страна на двете општини во соработка со Јавното претпријатие за државни патишта.
„Ја подобруваме патната инфраструктура насекаде низ општината и ја поврзуваме со другите општина за полесно движење и полесна комуникација на граѓаните. Во тек се и други инфраструктурни проекти како санацијата на локални улици, асфалтирање на патот до викенд зоната „Езеро“ во Крушево, најавата за реконструкција на три локални улици во градот, реконструкција на патот до с. Саждево и други веќе завршени и проекти кои ги планираме за 2020.“, изјави градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски.