Се гради игралиште за деца во Алданци
Општина Крушево во соработка со Македонскиот центар за меѓународна соработка градат игралиште за деца во дворот на подрачното училиште „Никола Карев“ во с. Алданци, Општина Крушево.
Овој проект градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски го најави уште при презентацијата на отчетот на 25-ти октомври.
„Во Алданци покрај реконструкција на улици започнуваме со изградба на детско игралиште во училишниот двор. Претходно училиштето во Алданци и сите останати подрачни училишта се санираа се со цел обезбедување подобра средина за нашите ученици“, рече градоначалникот Христоски