Спортската сала изгледа одлично, целосно реконструирана и опремена
Реконструкцијата на спортската сала завршува и истата е речиси оспособена за користење заедно со нејзино опремување и поставената карпа за искачување.
„Крушевчани на големо бараа оваа сала да се реконструира, да се опреми и да се прошири нејзината намена, но и да се реши проблемот на поплавување. Го решивме проблемот и преку проектот за развој на авантуристички туризам ја оспособивме оваа сала за авантуристичките посетители, одржување на државни и меѓународни натпревари во мла фудбал, кошарка, одбојка и пинг понг и за најмладите оспособивме на долг рок да имаат простор за рекреација и здрав живот.“, изјави градоначалникот на општина Крушево.
Спортската сала после долги години добива поубав изглед, поголема функционалност и претставува уште еден спортски и туристички ресурс на општина Крушево.
Реконструкцијата на спортската сала и проширувањето на нејзината намена се реализира преку Проектот за локална и регионална конкурентност финансиран од ЕУ, администриран од Светска Банка и имплементиран од Канцеларијата на Проектот за локална и регионална конкурентност, Канцеларијата на вицепремиерот за економски прашања и општина Крушево.