Две години општина Крушево – општина за сите
Во петок (25.10.2019) во домот на култура „Наум Наумовски Борче“ со почеток во 20 часот градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски ќе одржи средба со граѓани на кои ќе биде презентирано се она што општината го сработи во изминатите две години.
На 25 октомври изминуваат точно две години од назначувањето на Томе Христоски за градоначалник на општина Крушево и преку јавната дискусија со граѓаните сите присутни ќе имаат можност да предложат проекти за наредните две години, да разговараат директно со градоначалникот за проблемите, но и од прва рака да чујат детално што работи општината.
На дискусијата насловена како „Две години општина Крушево – општина за сите“ поканети се сите граѓани на општина Крушево, невладини организации, инситуции, медиуми и други.