Тенискиот клуб МТП од денес на подготовки во Крушево

Тенискиот клуб МТП од Скопје и оваа година е повторно на подготовки во Крушево. Подготовките започнуваат од денеска и истите ќе се одржуваат на двојното тениско игралиште во спортскиот центар „Езеро“ со следниот распоред:

16.08. 17 до 20ч.
17.08. 08 до 12 и од 17 до 20 ч.
18.08. 08 до 12 и од 17 до 20 ч.
19.08. 08 до 12 и од 17 до 20 ч.
20.08. 08 до 12 и од 17 до 20 ч.
21.08. 08 до 10ч.

Како и минатите години така и оваа ќе се одржи и промотивен час за најмладите од Крушево. Овој час на кој ќе можат да присуствуваат децата од нашиот град ќе се одржи во среда од 16 часот.

Општина Крушево апелира младите кои ги користат терените да ги отстапат во периодот на одржување на тренинзите со цел да овозможи соодветна средина за подготовка на тенискиот клуб.