Се поставуваат седишта во спортската сала, ќе се работи на систем за греење

Градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски заедно со вработени од општина Крушево извршија увид во поставувањето на седишта во спортската сала.

„Салата изгледа одлично. Овој проект го започнавме минатата година и го имплементираме внимателно за да обезбедиме квалитет и долгорочност на салата. Дополнително, како што знаете, општина Крушево работи на проект за инсталација на систем за греење и ладење во салата со што истата ќе биде достапна за користење и во лето и во зима“, изјави градоначалникот Христоски.

Реконструкцијата на спортската сала е дел од Проектот за локална и регионална конкурентност, пот-проект „Кругот на адреналинот – развој на авантуристички туризам во Крушево“, финансиран од ЕУ, администриран од Светска Банка, имплементиран од Канцеларијата на проектот, Канцеларијата на Вице премиерот за економски прашања во Владата на Република Северна Македонија и општина Крушево.