Во тек е тендерот за набавка на нова вештачка трева
На 3-ти март Центарот за развој на пелагониски регион го објави тендерот за набавка и монтажа на нова вештачка трева на полетувалиштето на Мечкин Камен.
Со оваа набавка полетувалиштето ќе опфаќа поголема површина, односно тревата треба да покрие простор од 2042 метри квадратни што ќе биде за повеќе од двојно поголема површина од постоечкото полетувалиште чија моментална големина е помалку од 1 000 метри квадратни. Со тоа ќе се зголеми безбедноста, а новата вештачка трева и уредувањето на полетувалиштето ќе овозможат одржување на многу поголеми меѓународни параглајдинг и натпревари во змајарство.
На следниот линк можете да го погледнете огласот за јавна набавка: https://e-nabavki.gov.mk/PublicAccess/home.aspx#/dossie/9f77162a-95a1-4893-91b3-e9b1e31e800c/14
Претходно, Владата на Република Северна Македонија додели 4 милиони денари на општина Крушево за изградба на објект на самото полетувалиште.