Објавен тендерот за изградба на резервоар за вода во с. Белушино

Министерството за транспорт и врски го објави тендерот за изградба на резервоар за питка вода во с. Белушино со што започнува реализацијата на уште еден проект во населените места

Огласот за јавна набавка е објавен на Електронскиот систем за јавни набавки и истиот можете да го погледнете на следниот линк: https://e-nabavki.gov.mk/PublicAccess/home.aspx?fbclid=IwAR2ebtT-6ugBMHAo0xFvr-xtJCK74JtXYxUzX4WtPCCtjtR7Yn0SDyd9U5A#/dossie/191d2fca-ab10-41c0-b134-37e86e49eb43/14

Во населените места во општина Крушево во тек се неколку проекти:

  1. Асфалтирање на пат од с. Борино до Житоше
  2. Изградба на фекална канализација во с. Норово
  3. Асфалтирање на пат до с. Саждево
  4. Доградба на цевковод во с. Саждево
  5. Реконструкција на пат од с. Бучин до с Воѓани (општина Кривогаштани)
  6. Изработка на проекти за изградба на канализации во населените места Алданци, Саждево, Јакреново, Пресил, Борино, Св. Митрани и Врбоец.