Свежо цвеќе за борците на НОБ
Градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски со претставници на здружението на пензионери Крушево и Сојузот на борци од Крушево положија свежо цвеќе во чест на паднатите борци од Народно ослободителната борба.
Заеднички го честитаа Денот на народното востание 11 октомври и се заблагодарија на борците кои го дадоа својот живот за слободно Крушево.