Дезинформација е дека депонијата во Крушево гори

Почитувани,Дезинформација е дека депонијата повторно гори во Крушево, односно службите благовремено го изгасија пожарот и состојбата околу депонијата е стабилизирана.

Фотографиите подолу покажуваат дека нема никакво загадување на градот и нема попречување во секојдневните активности на граѓаните и туристите.

Апелираме до граѓаните и медиумите да ги проверуваат информациите затоа што како и секогаш општина Крушево стои на располагање за точни и навремени информации.

Со почит,
Општина Крушево.
09.08.2019