Објавен тендерот за асфалтирање на пат до Јакреново

Објавен е тендерот за асфалтирање на локален пат до селото Јакреново во должина од 411 метри.

Проектот е дел од Програма за рамномерен регионален развој на подрачја со специфични потреби преку Министерството за локална самоуправа и Бирото за регионален развој.

Огласот за јавна набавка за изведувач за реконструкцијата на патот е објавен на Електронскиот систем на бирото за јавни набавки.

https://e-nabavki.gov.mk/PublicAccess/home.aspx#/dossie/67c51793-27e3-43c7-8adf-915903b3323a/14

На територија на општина Крушево во моментов во тек е тендерска постапка за изградба на канализација на Норово, изградба на патот Борино – Житоше, изградба на пат до Крушевско езеро, се реконструираат спортската сала и горната училишна зграда, се обележуваат патеки во должина од 42 километри, реконструкција на улици и друго.