Во понеделник трибина „Придобивки од развојот на еко туризмот“
Во понеделник (22.07.2019) во хотел Монтана Палас во 12 часот ќе се одржи трибина на тема „Придобивки од развојот на еко туризмот“ во организација на партијата ДОМ на која ќе учествуваат и претставници од општина Крушево.
На дебатата ќе земат збор Маја Морачанин, претседател на ДОМ, Љупчо Јаневски, директор на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот и претставник од параглајдинг клубот Хели ХЦ од Крушево.
На настанот можат да присуствуваат сите угостители од Крушево, но и сите граѓани заинтересирани за оваа тема.