Потпишан договор меѓу општината и Институт за добро управување и евро-атлантски перспективи
Денес, 19.07.2019, градоначалникот на општина Томе Христоски и Бојан Кордалов, претседател на Институтот за добро управување и евро-атлантски перспективи (ИДУЕП) потпишаа Меморандум за соработка и се обврза на идна соработка „со цел промовирање на начелата на добри практики во сферата на доброто управување и евро-атлантски перспективи, со акцент на поттикнување на заложбите за транспарентност, дигитализација и двонасочна комуникација“.
Меморандумот беше потпишан во кабинетот на градоначалникот на Крушево каде што се одржа и кратка средба и разговор за тековната работа на општина Крушево. Од страна на Институтот беше понудена безрезервна поддршка при аплицирање кон домашни и странски фондови.