Објавен тендер за патот Борино – Житоше
Објавен е тендерот за реконструкција на патот с. Борино до с. Житоше за кој општина Крушево и општина Долнени обезбедија средства преку Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион.
„До крајот на летото очекуваме да започне реконструкцијата на овој долги години ветуван пат. Одличната соработка со мојот драг пријател и градоначалник на Долнени вроди со плод кој ќе резултира со олеснето движење на граѓаните и подобра поврзливост меѓу двете општини и населените места“, изјави градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски по објавувањето на тендерот.
Огласот за јавна набавка е објавен на Електронскиот систем на бирото за јавни набавки и можете да го погледнете на следниот линк: https://e-nabavki.gov.mk/PublicAccess/home.aspx#/dossie/c2123336-f130-491d-9eba-d042235a35e8/14
Во изминатите неколку месеци во населеното место Борино се реализираа неколку инфраструктурни проекти:
- Изградба на резервоар за вода за пиење – 2.847.602 денари (околу 46 000 евра)
- Тампонирање на патетки до земјоделски површини – 244260 денари (околу 4 000 евра)