Поставување одводни цевки во с. Пресил и с. Норово
Денес јавното комунално претпријатие „Комуна“ спроведува цевки за одвод во населеното место Пресил, општина Крушево, по претходните активности на чистење од отпад и тампонирање на патишта до земјоделски површини преку Пелагониско планскиот регион.
„Активни сме на терен во Пресил, Норово и Св. Митрани во моментов, додека во град Крушево работиме на инфраструктурни проекти во вкупна вредност од повеќе од пола милион евра. Важно е што постојано работиме во населените места со цел подобрување на условите за живот за тамошните жители, како и рамномерен развој на селата и градот“, вели градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски.
Кога се работи за населените места се реализираше проектот заиградба на резервоар за вода во с. Борино, а општина Крушево доби средства за асфалтирање на локален пат во с. Јакреново. Според најавите во текот на летото се очекува почеток на уште неколку проекти кои вклучуваат канализации и водоводи.