Тампонирањето на патишта до обработливи површини денес во Борино, останува уште Пресил
Тампонирањето на патишта до земјоделски површини продолжува денес (28.06.2019) во с. Борино, општина Крушево, а досега се тампонираше во селата Саждево, Алданци, Вброец.
Тампонирање преостанува да се изврши во населеното место Пресил, додека целиот процес на тампонирање опфаќа 3 килимотри.
„Со тампонирањето им го олеснуваме пристапот на граѓаните до обработливите површини и тоа не само на селата кои се директно влезени во проектот, туку овде се опфатени и останатите села кои ги користат патиштата.“, вели градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски.
Тампонирањето е дел од Програмата за капитални инвестиции за развој на плански региони во областа на земјоделството и руралниот развој на Пелагонискиот регион.