Објавен тендер за изработка на урбанистички планови
Објавен е тендерот за избор на изведувач за изработка на урбанистички планови за населените места с.Алданци, с.Борино, с.Врбоец, с.Јакреново, с.Норово, с.Пресил, с.Св.Митрани, с.Саждево.
Изработката на урбанистичките планови за селата ќе овозможи легализација на градба, добивање на одобренија за градба и отворање простор за многу инфраструктурни проекти во иднина.
Целиот оглас на линкот: https://e-nabavki.gov.mk/PublicAccess/home.aspx#/dossie/fd82cce7-a49d-4c4d-b51b-bb608dc4d48a/1
Изработката на урбанистичките планови е финансиран од Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство преку Програмата за рурален развој.