Средба на претставници од Советот на општина Крушево со Мисијата на ОБСЕ во Скопје
Претставници од Советот на општина Крушево во кабинетот на градоначалникот одржаа средба со претставници на Мисијата на ОБСЕ во Скопје разговарајќи за идна меѓусебна соработка, а советниците добија дипломи за завршена обука за општински совети.
На денешната средба во Крушево покрај претставници на Мисијата на ОБСЕ беа присутни претседавачот со советот на општина Крушево Тома Петроски и координаторите на трите советнички групи Евгенија Петроска (СДСМ), Киро Сотироски (ВМРО ДПМНЕ) и Еран Алити (ДУИ).