Нов ровокопач за општина Крушево
Општина Крушево добива нов ровокопач кој ќе го користи заедно со општина Демир Хисар и општина Крувогаштани. Новиот ровокопач е набавен преку проектот „Подобрување на општинските услуги“ финансиран од Европска Унија и Светска Банка.
Градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски порача дека преку овој проект ќе се подобруваат услугите на над 300 000 луѓе на територија на цела држава.
„ Денес, општина Крушево заедно со општините Д.Хисар и Кривогаштани преку Проектот за подобрување на општински услуги-МСИП, кој го спроведува ЕУ, Светска Банка со Министерството за финансии, за потребите на Општината и на ЈКП доби повеќенаменска машина – ровокопач. Донирани се машини во повеќе општини во вредност од 45,7 милиони денари, кои се обезбедени како грант средства од ЕУ. Со ова се обезбедуваат подобри општински услуги за околу 300.000 граѓани кои живеат во руралните општини.“, изјави градоначалникот Томе Христоски.
Општина Крушево претходно се снабди, исто така, со ровокопач преку Амбасадата на Јапонија, а кој е наменет за целиот Пелагониски регион, а истиот е употребуван во руралнтие среднини во општината.