Честитка на градоначалникот по повод Денот на Власите

Почитувани сограѓани Власи,

Ви го честитам 23-ти мај Денот на Власите и ви посакувам со успех, меѓусебно прифаќање и кохезија уште многу години заеднички да го одбележуваме овој ден.

Овој ден е уште еден симбол на разноликоста и мултиетничноста која ја негуваме во нашата општина. Општина Крушево служи како пример за сите останати како различни етникуми, меѓу кои и Власите, со децении и векови живеат и коегзистираат заедно, градејќи заеднички успеси и едно општество за сите.

Општина Крушево продолжува да ги негува и промовира карактеристиките, традицијата и обичаите на Власите подеднакво како и на сите народности кои живеат овде.

Уште еднаш, ви го честитам овој ден, 23 мај Ден на Власите.

Ti mults’ anj dzua!

Со почит,
Томе Христоски, градоначалник на општина Крушево