Утре Крушево ќе го посетат тур оператори и новинари од Хрватска
Во сабота, 11.05.2019, Крушево ќе го посетат тур оператори и новинари од Хрватска со цел запознавање со претставници од угостителскиот сектор и промоција на општина Крушево преку хрватските медиуми.
Тур операторите и новинарите ќе се сретнат со претставници од угостителскиот сектор и ќе направат прошетка и ќе се запознаат со дел од знаменитостите на Крушево, како споменици, музеи и други локалитети.
Посетата е организирана од страна на на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот и општина Крушево со цел поголема промоција на Крушево како дестинација и привлекување повеќе туристи.
Фотографија: Викенд во Крушево