Средба на градоначалникот Христоски со градоначалникот на Корча, Албанија
На 24.04.2019 во просториите на општина Корча, Албанија, градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски, вработени во општината, претставници од невладината организација Алка одржаа работна средба со градоначалникот на Корча Сотираќ Фило и претставници од општината.
Тема на средбата беше соработка и изработка на проект на програмата за меѓугранична соработка преку ИПА 2 програмата на ЕУ.
На средбата се разговараше за приоритетите при поднесувањето на заедничката апликација со искористување на она што е заедничко за Корча и Крушево – потеклото, традицијата, културата и обичаите на Власите.
При посетата на Корча градоначалникот на општина Крушево даде и свое итнервју за неколку албански медиуми преку кои порача дека интеграциајата во ЕУ и НАТО е од големо значење за општина Крушево и Северна Македонија, а прекуграничната соработка со Албанија ќе придонесе и кон зацврстување на меѓуетничките односи меѓу македонскиот и албанскиот етникум.
„Во интервју за неколку албански телевизии кажав дека интеграцијата во ЕУ и НАТО на нашата земја е од големо значење за општина Крушево во однос на аплицирање кон фондовите, особено за заедничкиот пристап со останатите земји кандидати за влез во ЕУ и НАТО. Првата фаза од повикот дел од претпристапните фондови заедно со Корча ја поминавме и сега работиме на апликацијата за втора фаза и добивање на околу 600 000 евра за инвестирање во туризмот.
Дополнително, сакам да потенцирам дека преку ваков тип на соработки активно работиме на соживотот, меѓуетничкото прифаќање и соработка меѓу припадници на различни етникуми.“, изјави градоначалникот Христоски по враќањето од посетата на општина Корча, Р. Албанија.