Одлуката за финансирање на патот Борино – Житоше официјална

Одлуката за финансирање на патот с. Борино – Житоше е официјална и истата излезе во Службен весник на Република Северна Македонија.

Овој проект се реализира од страна на Пелагониско планскиот регион заедно со општина Крушево и општина Долнени, а чини вкупно 6 565 025 денари.

Претходно општина Крушево ги извести граѓаните дека проектот доаѓа на предлог на Министерството за локална самоуправа по апликација на општина Долнени.

Градоначалникот на општина Крушево уште еднаш се заблагодари за поддршката од централната власт и одличната соработка со општина Долнени и градоначалникот Џамил Ќамили.

„Голема благодарност до Владата на Северна Македонија и Министерството за локална самоуправа за финансирањето на овој проект, а секако и до градоначалникот на општина Долнениа Џамил Ќамили за успешната апликација за проектот. Многу политичари, градоначалници и функционери го ветувале овој проект, но никој искрено не се зафатил да го изгради. Заедно со Долнени и Центарот за развој на Пелагонско планскиот регион ќе го реализираме овој проект кој е од голем интерес за граѓаните на двете општини“, рече Христоски.