Ќе се уредува просторот околу Крушевско Езеро и ќе се изработат урбанистички планови за селата

Со средства од Агенцијата на поддршка во земјоделството и руралниот развој ќе се уредуваат зоната околу крушевското езеро и ќе се изработат урбанистички планови за населените места.

„Проектот за линиска инфраструктура, изградба и уредување на патна инфраструктура во локалитетот Крушевско Езеро“ ќе опфати асфалтирање на патот кој води до езерото и спортскиот комплекс во близина на месноста „Гумење“, со цел подобро сообраќајно поврзување, но и безбедна патна инфраструктура, со атмосферска канализација, за граѓаните и туристите. Преку Проектот Крушево ќе добие уредена средина околу спортските терени, безбеден пристап до Езерото и доизградба на хотелската зона околу Крушевско Езеро.

Исто така со средствата обезбедени од Агенцијата ќе се изработат урбанистички планови за населените места кои ќе овозможат сеопфатен инфраструктурен развој на селата, како и легализација на објекти, издавање на одобренија за градење, ќе се овозможи изградба на игралишта, паркови и слични содржини и сл.

Градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски изрази задоволство за добиените средства за овој проект и порача дека Крушево се реконструира од неколку аспекти и страни.

„Имаме силна поддршка од централната власт и благодарение на таа поддршка аплицираме и реализираме многу проекти. Асфалтирањето во близина на месноста „Гумење“ па се до спортскиот комплекс, Крушевско езеро и хотелската зона околу езерото ќе донесе поубав изглед, достапност за граѓаните и туристи и остварување на нашите заложби за поубава општина. Продолжуваме со работа на многу инфраструктурни проекти во градот и населените места.“, изјави градоначалникот на општина Крушево.