И оваа година општина Крушево со богата културна програма
Оваа година локалната самоуправа подготвува побогата културна програма од 2018 година. Настаните ќе продолжат веќе од наредниот месец, а покрај настаните на локалната ќе се одржат и низа други настани во органзиација на организации, индивидуалци и други.
Градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски потенцира дека и настаните од областа на културата го поттикнуваат туризмот и затоа општина Крушево посветува особено внимание на овој дел.
„Организираме многу повеќе настани оваа година и очекуваме бројот на посетители да оди нагоре. Се трудиме да ја пролонгираме сезоната и да создаваме содржини надвор од најпосетените периоди во годината“, порача градоначалникот Христоски.
2019 година започна со неколку настани, меѓу кои Одбележувањето на денот на раѓање на Тоше Проески, а продолжи со посети на амбасадори, делегаци и органзиација на други настани.
За настаните кои престојат граѓаните на општина Крушево и потенцијалните посетители ќе бидат навремено известени, а настаните ќе подлежат на сериозна промоција со крајна цел привлекување повеќе луѓе и побудување поголем интерес.