Во среда информативен корнер во Крушево за учеството на граѓаните во креирањето на буџетот
Во среда на 20-ти март со почеток во 13 часот во просториите на општина Крушево ќе биде организиран информативен корнер за информирање на граѓаните за нивно учество во креирањето на буџетот на општината.
Од организацијата Finance Think, која го спроведува проектот велат дека „целта на корнерите е да се надмине јазот помеѓу општините и граѓаните и засегнатите страни во креирањето на локалните буџетот. Преку просторот отстапен од општините, граѓаните ќе имаат пристап до информативни алатки: прирачник со детали за процесот и начини на вклучување, инфографикони и други алатки, поврзани со партиципативното буџетирање“.
Настанот е дел од проектот „Моу пари моја одговорност“