Поддршка за општина Крушево и ЈКП „Комуна“ од Амбасадата на Сојузна Република Германија
На 07.03.2019 г. во просториите на Амбасадата на Сојузна Република Германија во Република Северна Македонија Н.Е. Амбасадорот господин Томас Герберих, градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски и директорот на јавното комунално претпријатие „Комуна“ Крушево господин Наум Илиески потпишаа договор за финансиска поддршка за набавка на трактор со приклучна механизација во износ од 657.429,00 денари.
Во реализацијата на проектот „Набавка на трактор со приклучна механизација“ општина Крушево и ЈКП „Комуна“ Крушево ќе учествуваат со свои финансиски средства во износ од 314.571 денари поединечно секоја од институциите.
Имплементацијата на овој проект ќе овозможи подобра техничка опременост на јавното комунално претпријатие за зимско одржување на улиците во општина Крушево со крајна цел унапредување на животот на населението и условите за стопанисување на правните субјекти, како и подобрување на условите за развој на туризмот во Крушево како растечка туристичка дестинација.