Неделен информатор (18.02.2019 – 24.02.2019)
Во текот на минатата недела локалната самоуправа ги реализираше следните активности:
19.02.2019
- Јавното комунално претпријатие „Комуна“ е на терен во с. Врбоец на расчистување на каналите. Градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски и директорот на ЈКП „Комуна“ Наум Илиески на увид во населеното место.
21.02.2019
- Објавен јавен повик за јавна расправа
2. Формиран е Локален совет за превенција за подобрување на јавната безбедност и довербата во работата на полицијата
22.02.2019
- Се осветлува главната сообраќајница во Крушево со поквалитетни ЛЕД сијалици
2. Општина Крушево на саем во Белград, Србија. Туристичките потенцијали се претставуваат пред многу тур оператори и посетителите.
23.02.2019
- Во посета на општина Крушево се поранешниот претседател на Република Хрватска Иво Јосиповиќ и претставници од НВО „Хрватско-македонска тангента“.
2. Градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски и членот на советот на општина Крушево Евгенија Петроска присуствуваат на осветувањето на храмот Св. Троица.
3. „Комуна во текот на цел ден и вечерните часови го расчистува снегот од улиците во град Крушево.