Општина Крушево потпиша Меморандум за соработка со Стопанска комора за туризам
На 13.02.2019 општина Крушево потпиша меморандум за соработка со Стопанска комора за туризам на Република Македонија со цел заедничка промоција на Крушево и создавање врски кои ќе помогнат во развојот на туризмот.
Меморандумот беше потпишан од страна на градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски и директорот на Комората Касам Шаќири и беше одржана официјална работна средба на која се разговараше за конкретни чекори за исполнување на заложбите кои произлегуваат од меморандумот.
„Секоја поддршка е добредојдена и, секако, оваа поддршка од Стопанската комора за туризам особено ни значи. Преку взаемната соработка Крушево ќе биде претставено пред многу потенцијални туристички агенции , а настаните кои се организираат во Крушево ќе бидат претставени пред пошироката јавност во Македонија и во странство, благодарение на оваа соработка“, порача градоначалникот Христоски по средбата.