Фестивалот „When in Krusevo“ забележа 200 учесници и над 1 000 посетители
Фестивалот „When in Krusevo – Winter is Here“, кој се одржа од 8 до 10 февруари 2019 година, забележа повеќе од 200 учесници и над 1 000 посетители на град Крушево.
Организаторите преку социјалните мрежи посочуваат дека во програмата беа вклучени многу угостителски објекти и локални производи кои оставиле одличен впечаток кај учесниците и посетителите.
„ На настанот имавме околу 200 регистрирани учесници, а овој викенд Крушево беше посетено од над 1000 посетители. На располагање ги имавме сместувачките капацитети на Крушево, кои директно го поддржаа настанот со крушевската гостопримливост и одличните попусти за сметување. “, стои во објавата на „Фејсбук“.
Градоначалникот на општина Крушево вели дека покрај многубројните посетители со овој настан се раздвижи и локалната економија.
„Со овој настан добивме уште еден исполнет викенд во Крушево со посетители од насекаде низ Македонија. Уште поважно овој настан ја раздвижи локалната економија, односно рестораните, кафулињата, хотелите, продавниците и други забележаа позитивна разлика овој викенд“, изјави градоначалникот на Крушево.
Фестивалот содржеше пешачки тури, посета на угостителски објекти, вкусување на традиционална храна, параглајдинг и вечерни музички забави.