Ќе се гради цевководот во Саждево, објавен тендерот за избор на изведувач
Општина Крушево и Министерството за транспорт и врски ја отпочнаа постапката за доградба на водоводна линија за водоснабдување во с. Саждево, општина Крушево.
На Електронскиот систем за јавни набавки е објавен тендерот за избор на изведувач и веднаш по завршувањето на постапката ќе се започне со работа на терен.
Градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски вели дека овој проект ќе реши многу проблеми за жителите на ова населено место и најавува дека и во останатите населени места ќе се работи на инфраструктурни проекти.
„Распишан е тендерот и само прашање на време е кога ќе започне реализацијата на овој проект од голема важност на моите сограѓани од овој дел на општината. Продолжуваме да работиме и во останатите населени места паралелно со градот“, вели градоначалникот Христоски.
Повикот за поднесување на понуди можете да го погледнете на линкот подолу.
https://www.e-nabavki.gov.mk/PublicAccess/home.aspx#/notices