Крушево одлично се справува со снегот, проодни улиците во градот и населените места
Локалната самоуправа и јавното комунално претпријатие вчера и денес (26. и 27.01.2019) се постојано на терен во расчистување на улиците во градот и населените места.
Во текот на вчерашниот ден и ноќта се работеше во град Крушево, каде што беа исчистени и проодни повеќето улици, а денес се пристапи кон населените места Белушино, Борино, Саждево и Јакреново со асистенција на Општина Долнени.
Исто така, исчистен е патниот правец од местото Стопанство до населеното место Норово, а директорот на ЈП „Комуна“ Наум Илиески најави дека се продолжува со работа на потегот од с. Врбоец кон с. Бучин.
„Вчера и синоќа се работеше на улиците во Крушево, а од рано утрово сме на терен во Белушино, Борино, Саждево и Јакреново. На крај го исчистивме и патниот правец Стопнство – с. Норово, а ќе се пристапи кон чистење и посолување на делот од с. Врбоец до с. Бучин.“, изјави директорот Наум Илиески.
Покрај навременото зимско одржување на улиците, град Крушево и скијачките терени се полни со гости од цела Македонија.