Закажан е првиот параглајдинг натпревар за ова лето во Крушево

Организаторите на параглајдинг натпреварите за летото што претстои веќе започнаа да ги закажуваат натпреварите и отворени се регистрационите термини за пријава на учесници.

На 20-ти јануари официјално се отвори повикот за пријава на учесници за Озон Крушево опен 2019 кој ќе се одржи од 13 до 20 јули 2019 година на Мечкин Камен во Крушево, а е во организација на параглајдинг клубот од Крушево Хели ХЦ.

Покрај Озон опен ова лето во Крушево ќе се одржат уште неколку меѓународни параглајдинг натпревари меѓу кои Светско првенство и Светски куп во параглајдинг кој локалната самоуправа го организира преку проектот „Кругот на адреналинот – развој на авантуристички туризам во Крушево“.

„Не очекува уште едно исполнето лето. Го организираме меѓународниот куп во параглајдинг преку проектот администриран од Светска банка, а стоиме на располагање и на организаторите на останатите настани за било каква поддршка со цел подобро организирање на натпреварите.“, порачува градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски.

Градоначалникот Христоски додава и дека локалната самоуправа и оваа година организира многу настани не само во летото, туку во текот на цела година со што се очекува дополнително зголемување на бројот на туристи и продолжување на нивниот престој во градот.

Повеќе информации за настанот на следните линкови:

http://krushevo.com/mk/events/ozon-krushevo-open-2019