Распеани улиците на Крушево, настап на КУД од Битола и Сплит, Хрватска, во центарот
Денес (10.10.2018) Крушево беше раздвижено од страна на две културни друштва кои продефилираа низ градот и настапија на градскиот плоштад „Никола Мартиновски“.
Културно уметничките друштва Етно Илинден од Битола и Плетер од Сплит, Хрватска со музика се движеа од спомен-куќата Тодор Проески се до центарот на Крушево каде што се претставија со свои традиционални настапи.