„Приказни со Власи“ изложба во домот на култура
Денес, 3-ти октомври, во 18 часот во домот на култура „Наум Наумовски Борче“ ќе биде отворена изложбата CU TENDA – Приказни со Власи заедно со концерт на балканската музика за импровизација на групата Мултумулт (Multumult).
„Дизајнирана како визуелен есеј, изложбата CU TENDA – ПРИКАЗНИ СО ВЛАСИ реконструира симболично и фрагментарно преку сведоштва, саморекламирање, текстови и елементи на материјалното и нематеријалното наследство, имагинарноста на влашкиот свет како дел од имагинарноста на балканските култури во постојано движење. Започнувајќи со сеќавањето на сликата како сведок и моќта на сугестија на објекти кои го градат наследството на заедницата, на јавноста ѝоткриваме серија визуелни, звучни и архетипски предмети кои станаа икони за ароманската заедница како серија на односи во архаичниот свет“,потенцираат од Центарот за интеркултурен дијалог Куманово, кои се партнери на Националниот музеј на романскиот селанец во Букурешт во организацијата на изложбата.