Унгарска вечер во Крушево

Во рамките на Манифестацијата НКС „Десет дена Крушевска Република“ на 5-ти август се одржа т.н. унгарска вечер во организаиција на Амбасадата на Унгарија во Македонија и општина Крушево.

Дел од организацијата беа неколку музичко-сценски настапи кои ја отсликуваат културата на Унгарија, а настанот започна со споменувањето на 1956 година кога унгарски бегалци престојувале во Крушево.

Претходно како дел од 5-от ден СОУ „Наум Наумовски Борче“ потпиша Договор за соработка со средно училиште од градот Печуј, Унгарија, а претседателот на Советот на општина Крушево Тома Петроски и членот на Советот Евгенија Петроска  положија цвеќе на плочата поставен во детското одморалиште.